таа (зам.) - среќен (прид.)

Убеден дека нема враќање од егзил, својата меланхо­лија ја смируваше во книгите, во таа среќна татковина на откриената тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, Татко остана долго време приклештен помеѓу потрагата на патот на јагулите, таа среќна и симфонична планетарна фуга на вечното и среќно поврзување на Балканот со светот и потрагата по старите отомански кадиски записи, познати како сиџили, документи на Балканот кои ја криеја загатката на идентитетот на семејството, смислата на останувањето со надежта за брзото враќање во родната земја, крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А лани! Пријатели, цвеќе, подароци. И Таа среќна до него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)