таа (зам.) - пуст (прид.)

Кој ќе чуе како ќе рече: „Тиии! Ами толку ли чурук била таа пуста жена, сиот трошок по неа фатил само пет лири!“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ заради таа пуста несоница по тебе во која самиот се откривам и во која душата ми е голема пустина чие име на ниедна карта не е забележано.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И ќе ти признам зошто. Пак поради таа пуста пичка. Многу сум лифен по жени. Си признавам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж - роб! Жена - роб! Син - роб! Ќерка - роб! А мајките; само за солзи се родени!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дојди си, појди си... дојди си, појди си...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кадија почна да суди Илија почна да свири кадија почна да игра фрли чалмата в мутлуми фрли чалмата в мутлуми и на Илија говори: Илија море делија алал ти се момите ем калешести невести ем сиротици вдовици со таа пуста тамбура срцето ми го разигра.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го тужеле. ...стрико ти баш дауџија Си заљубило момите ем калешести невести ем сиротици вдовици со таа пуста тамбура.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па ќе си замине.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, тој нека не обрнува внимание на таа пуста слабост да плетка што било а што не било.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Небаре бакарот на неговите ибрици усвитено испаруваше, толку беше жешко таа пуста вечер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Прашајте ми ја душичкава како ми досадил тој беќарл’к... таа пуста туѓина.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Змејко сега се мачеше да погоди што можеше да биде во неговата собичка она, што не би ѝ се допаднало на Мара, сето време просто ја гледаше како таа го изнаоѓа тоа уште со првиот поглед, а кога не успеал во тоа, тој ја пушти таа пуста работа и отиде да си ја сместува храната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не знам, - загрижено зборуваше мајка ѝ на Марија - дали да брза да излезе од таа пуста болница?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Куќа каде големо не запее, каде мало не заплаче — таа пуста куќа е.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Доне, таткото на Дончо, исчезна уште таму, во рамната земја, во таа пуста Војводина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Падна јуначки по таа пуста Маџарска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смираат некоја работа, да поеќе ја запалија работата (што велат: Ѓаолот ни орат ни копат, само луѓе скаруат) и туку беше се поткачиле сите да се бијат, и да се тераат по таја пуста планина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Три дни и три ноќи што се биле и се тепале, крв до колена беше напрајле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И со вастагарчето не се сити, а после со таа пуста боцка ќе ме дупи во газо; само ќе си дупи, ќе си дупи, доколку да бодињам многу, тој само ќе ме дупи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Нејсе. Ние, три - четири жени, пак го викнавме старчето и со молитви го замоливме пак да оди во тоа албанско село Шкумбин и да се распраша дали е далеку таа пуста касаба Дуреси и како да се оди таму.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И како да се несреќни само затоа зашто не им е пружена можноста да откријат каде точно стои таа пуста неминовност за да ѝ пријдат и да ја потупкаат по рамото. (Можеби се надеваат и на некаква противуслуга преку создавањето на поинтимни врски со неа).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Си зема сливи од таблата и си мези со ракијата. а таа пуста слива е блиску до патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)