Биди жива и ќе видиш колкави муда тој ќе му покаже на светот!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ајде, однеси ја таа проклета супа во неговата соба и насмевни му се барем еднаш!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ах, да не беше таа проклета директива.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не беа помалку болни, неизвесни, и другите зборови што идеа од радиото, од таа проклета направа која како некаков двојник на судбината, го предупредуваше нашето семејство за минатото и иднината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас тргнав да ја купам таа проклета кутија цигари.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Седеше врз таа проклета гума за пливање, а лицето му се изобличуваше од болка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во домот на чичко ни Трајко, Татјана го денесе Александар Кривошеев од аердромот Петровец (сега Александар Велики), ноември или декември.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Па тоа мора да го прави за воопшто да постои таа проклета држава! 72 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И што мислиш со она, „дали државата да финансира алтернативна култура”?!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И таа проклета стројничка: зошто го излажа и не му кажа дека се поколебале Попставревци да му ја дадат Викторија за жена?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- И така, нè растера таа проклетата, ме однесе мене дури преку Дунав, онаму, во Влашко, ако си чул, ме заробија, разбираш или не, како добиток не туркаа по возови и вагони, и најпосле не турнаа таму, пак како добиток, ме разбираш или не, во некакви огради од боцкав тел и... и еве го иде Бојан, нема време да ти раскажувам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Животот што се развиваше во неа ќе ја истера болката од нејзиното тело; крај овој нов живот не можеше и не смееше да има простор во неа за таа проклета болка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таков ужас доживеавме во таа проклета борба.”
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ми ја столчија во таа проклета битка за Лерин, ми ја посекоа во болницата во Елбасан и ми ја досекоа во Будимпешта...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Воздивнувал за да не залипа - сѐ што се случувало било премногу за младоста во таа проклета пролет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓутоа; како сенка зад сенката на својот врсник стоела немата девојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Која е таа проклета сила што нè влече надоле?!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ти велев јас да не ја пуштаме на таа проклета екскурзија. Така е кога кучка ќе пуштиш од синџир!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Благодарам ти, кума лисо, што ме избави од таа проклета змија.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа ја испрашала што е и како е, 'и слекла алиштата и ја врлила во бунарот, та ја удаила, а таа проклета млада Еѓупка беше се променила со тие алишта и беше се качила горе на дрвото, да го чека син му од царот за неа да ја земи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Син му од царо собрал сватои и дошол, та ја зел Еѓупката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Држ, не пуштај, бре јазовче, таа проклета лисица, оти многу кокошки ми изела!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Па да, и јас така нешто мислев, - вели бездарникот, па утот бесрамно си го става црното прсте на излупеното чело (таа проклета коса), - ете, сега, никако не може да си спомни, заколете го - не може да се сети или ако си спомни тоа е нешто што воопшто не го мислел.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Одвај срцето издржува додека не се отвори таа проклета врата, иако знаете дека не е тој, чекате. Тоа потраја неколку векови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Затоа отсекогаш сум ги слушал со отворена уста и таа проклета навика од најраните години уште ме следи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- О, мили деца, бидете среќни што заврши таа проклета војна!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нешто во тонот на неговиот глас како да додаде, „таа проклета будала“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сакаше и понатаму да се бориш, но противникот, таа проклета болест сè повеќе и повеќе ти задаваше удари и те совладуваше.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Куќи, зошто нема куќи? А и таа проклета станица, каде е?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Повторно пред мене со убедлив став да ја докажеш твојата одвратна лага нечесно копиле измамничко подло време е да ја симнеш таа проклета маска
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но дури и во случаевите кога ќе втасам предвреме на таа проклета автобуска постојка, седиштата на долниот кат се пополнети а стоењето долу е забрането.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
При средбата со девојката, и покрај болките на кои со денови укажуваше додека ја молеше судбината што побрзо да го истакне својот суден знак и да го објави свршетокот, тој бесрамно ќе побрза да ја замоли истата таа проклета судбина да го одложи за неколку мигови приоѓањето на неминовноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За што и кому требаше да му послужи ваквото објаснување на неговиот другар секретарот Јаким ако М. Ѓурев не престојуваше спомнатиот понеделник во таа проклета канцеларија на Јаким и ако не ја видеше белезицата на раката на Ботка и ако не беше поведен разговор за таа скапоценост?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А и ние: мајка ти, јас, па и вие, моите цвеќенца, ако успееме некако да ја намамиме на нашиот пат таа проклета сребрена жица што се криеше длабоко под нас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Што чекаш? Отворај ја таа проклета конзерва!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)