Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко сега само ја гледаше таа парталава прилика, таа кобна сенка на сѐ што е измачено, и нејзината изострена, прегладнета и премалена од тоа муцка, што просто болеше со тоа колку беше бессилна, додека лудечки матниот поглед од неговите чиниш празни, чиниш истечени и без никаков одблесок очи, бликаше со една тапа стрвност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)