Без таа отуѓена перспектива, тие општествени облици би важеле за очигледни, за природни – односно, би останале невидливи, а обликот на нашето постоење би ни бегал.
И каква тоа духовна слобода би оствариле хетеросексуалците без благодатот на оттргнатата, отуѓена перспектива за нивниот свет и за неговите натурализирани вредности која им ја овозможува машката геј-поткултура – сега кога веќе не е тајна?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Застранувањето“ на Зонтаг е токму основата за култура, тогаш – нејзин изворник и нејзина дефиниција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без тој благодат на разни настрани култури – на настраноста на самата култура, на настраноста што е култура – како би дошле хетеросексуалците до сознание за протоколите и приоритетите на хетеронормативниот свет во кој си остануваат нурнати?
А ова упатува на еден конечен парадокс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И каде би биле без нејзината свесна свест, без нејзиното сознание за толку многу од начинот на кој си ги живееме животите, а кој им е својствен на конкретни општествени форми?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само отстапувањето од зададеното може да создаде култура и да го даде растојанието и оттргнатото промислување кои се нужни за културна дејност.
Во извесна смисла, хомосексуалноста е култура.
И ете зошто му требаме на општеството.
Каде би биле без пронигбите, без безобразлукот, без нетрогнатата критичка интелигенција што ја дава геј-поткултурата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)