Ова само ни говори дека да бидеш „вработен“ во РМ не е исто што и тоа да водиш „нормален“ живот, ослободен од стресот за тоа како ќе го преживееш месецот. 6 И додека нашите „научници“ и професори по трудово право, завиени во својот кабинетски конформизам, ги зафати некој чуден транзициско-зимски сон и, во таа нивна интелектуална хиберна- ција, се бавеа со прилично несуштински и чисто номиналистички правни прашања 7 – видни експерти во светот, наѕирајќи го овој лошотилак кој така отворено пропагира социјална неправда и економска нееднаквост меѓу населението, почнаа аргументирано, организирано и систематски, дел по дел, да го раскринкуваат не- олибералистичкиот новоговор во сферата на оваа научна област, кој под превезот на некаква „флексибилност на работната сила“ доведе до драстично кратење [намалување], проследено со пара- лелно кршење [непочитување] на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6 И додека нашите „научници“ и професори по трудово право, завиени во својот кабинетски конформизам, ги зафати некој чуден транзициско-зимски сон и, во таа нивна интелектуална хибернација, се бавеа со прилично несуштински и чисто номиналистички правни прашања 7 – видни експерти во светот, наѕирајќи го овој лошотилак кој така отворено пропагира социјална неправда и економска нееднаквост меѓу населението, почнаа аргументирано, организирано и систематски, дел по дел, да го раскринкуваат неолибералистичкиот новоговор во сферата на оваа научна област, кој под превезот на некаква „флексибилност на работната сила“ доведе до драстично кратење [намалување], проследено со паралелно кршење [непочитување] на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Штом се симнала на станицата, се збунила од многуте возови, од преголемиот перон и од луѓето, кои се вртеле околу неа, но никој не ѝ го разбрал јазикот, ниту пак таа нивниот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Името, пак, на таа нивна сурија постојано го менуваат, те вакво, те такво, те како некое страшно ѕвериште, те како некое грабливо птичиште, те некои имиња од оние познати освојувачи во историјата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А виду јас и таа нивна Бугарија шо сермиа е.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го преметна преку џаде и се врати назад со тие што не сакаа да одат со Андона. Останаа со Толета: Брниклијата, син му Велјан...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знаев дека Јан Лудвик ме сака; но јас веќе половина година гледав во Земанек, и мене само Земанек ме интересираше; со него излегов одвај десетина пати, кога Земанек ќе успееше да се ослободи од Јан; Јан беше како приврзок на Земанек, и јас не можев да му закажам состанок на Земанек; мислам дека и Земанек избегнуваше да се види со мене, поради таа нивна цврста пријателска врска.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеби не си сакал да се изложиш на нив, но многу избор немаше.
„Сѐ уште се сеќавам на страшната, вртоглава возбуда од моите први харања по геј-пабовите и по геј-клубовите“, пишува Џун Томас во извонредниот омаж за улогата на геј-барот во геј-историјата и за геј-заедницата, „на трепетот од пронаоѓањето други лезбејки и геј-мажи во сета таа нивна прекрасна, тмурна, сјајна, лигава разновидност“.442 И како тоа да не беше доста, новата јавна геј-култура практично гарантираше дека луѓето што се селеа во некоја геј-енклава ќе запознаат многу старовремци кои знаеја поискусно да бидат геј и кои во таа работа беа пософистицирани од нив.
А згора, тие ветерани на урбаниот геј-живот честопати имаа фрапантно милитантни, бескомпромисни, антихомофобични, антихетеросексистички и антиглавнотековни политички гледишта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа значи дека беше изложен на многу разновидни идеи за тоа што значи да се биде геј и на многу разновидни стилови на геј-живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Немој само да им негодуваш. Нека почувствуваат колку те шокирале, колку те разочарале, колку ништо во животот не те подготвило за таа нивна немила неблагодарност за која се виновни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше да се носиш со различни луѓе со секакви општествени потекла, од разни телесни типови, со различни појави, со разни родови стилови, од разни општествени класи, со разни сексуални вкусови и практики, а понекогаш (така им беше на Белците) и од разни раси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откако ќе се запознаеја со тие луѓе, со нивниот поголем пркос, со нивната софистицираност и самоувереност, новодојденците од провинциите честопати наидуваа на сериозни предизвици за своите претпоставки, вредности и претстави околу вистинскиот начин на кој треба да се живее, да се биде геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Те фрапира ли студенилото на ќерка ти кон тебе или студенилото на љубовникот или на љубовницата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Немаше тука бирање со кого ќе се дружиш и дали ти биле по мерка, дали биле од оние типови што ги цениш и што би сакал да ти бидат пајташи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“
Ваквото навидум нужно и неизбежно преглумување е она што им ја дава внатрешната лажност на емоционалните претераности во личните интеракции во семејството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По нив замина и таа нивна залеликана песна, оптегната, како најдолга опашка од најстрвната комета, што ја имала во себе некоја ноќ, секогаш испиштувана од прежилено, улетнато грло, и разнесена низ ноќта, воопшто без да ја нарушува нејзината тишина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наоѓаше нешто заедничко во таа нивна желба и со сета душа се радуваше што овој ден му донесе една таква целовита средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа нивна цврста прегратка им даваше дополнителна духовна сила со која на болестите гледаа како на ветровен кијамет, кој дува и поминува. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, овие двајца не знаат за расипаност. И таа нивна чистота ја смекнува строгоста на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш тоа не можеше да го разбере, му беше чудно, а сега исполнет со болка, ја сфаќа таа нивна тага што ја имаа по кучињата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нашинци, селани, Турци и Арбанаси, а најмногу Власи, па и по некој дубровчанец во таа нивна китнеста одора, туку влегуваа и излегуваа од опулот на Петре: големите зулуфи им стрчеа како сабји, долгите косишта им правеа цели кошари на главите, и тие намќоресто се пазареа гледајќи го него, не грнците и вината, така што можеше лесно да му се збоктиса - ама нели си имаше план Петре, сè беше готов да издржи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој тогаш се обиде да ја ублажи таа нивна реакција, убедувајќи ја дека Германците се поинакви.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
По цените на нивните животи тие планинци не пуштаат ни еден правоверен да влезе во таа нивна царштина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А што ако е таа нивната мајка? Баш на овие лисичиња?!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)