Почувствува дека имаше нешто издржливо и неуништливо во таа неуморна жена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Можеше сѐ уште да останува крај таа неуморна поројна вода долу, имаше во своето тело уште многу движења, што и беа потребни на бичкијата во она незапирливо дробење на трупците, можеа да продолжат да бидат спуштени на она место, каде што беа потребни, сите тие трупци, и сега, кога беа веќе сите наместени и наближени, тоа беше многу полесно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)