таа (зам.) - негов (прид.)

Потоа, на спорот се надоврзуваат и барањата по основ на неисплаќање отпремнина/испратнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Е, таа негова слава низ селото, не потрајала многу, кутриот паднал од скеле и останал на место, ја оставил баба ми со 3 деца и еден куп незавршени работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако се чита меѓу редови, Арена сугерира каде би требало да го бараме она што Бојс го разликува од неговите колеги уметници од 60-тите; тоа е комплементарноста на неговите дела со темите на поствоениот христијански егзистенцијализам; Бојс непрекинато трагаше по некакви знаци на трансенденција среде таа негова необична опседнатост со смртта, и среде една несигурна ера.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И во сликите од ритуално миење на нозе и крштевање кои беа дел од перформансот во Базел и Дизелдорф во 1971, се открива Бојсовиот месијански карактер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И селаните се позарадуваа кога го видоа Шаќира, бидејќи и него го знаеја од каде иде и што работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во таа негова наредба и расправија влезе Шаќир со еден од селските работници и ја прекина дискусијата, поправо Толевата викотница, оти Толе слабо даваше некој да му пререкне за ова прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе го средеа и Татко, со таа негова декадентна ниту источна ниту западна облека, со таа смешна паларија која стрчеше среде капите-титовки, и ќе му покажеа каде му е вистинското место.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, за жал, и нему му се случи истото она што ние одамна го имаме откриено и доживеано: она, кога веруваш дека со раката брцаш во бочва со мед се случува да утврдиш дека раката си ја пикнал во помии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поприфатливо ќе ти прозвучеше ако речев дека наш Иван го избрал тунелот за патека верувајќи дека и таа негова јунаштина ќе му помогне да го открие она по што можеби и со години трага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа е лошата вест. И една многу добра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не, и тој, без упатства и без совети го избра оној пат што и ние го избравме кога тргнавме да се избориме за она што го посакувавме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, токму инаетот и таа негова глупава потреба да не се покори, подоцна ме врзаа за него, а ме оддалечуваа од Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост. ‌Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понешто од „женственото во мажот“, сигурно, можеби опасно тлее во машкото срце, но барем нема свежо цвеќе во Мелвиловиот приказ на британската морнарица.249 Мелвил прикажува жесток семашки свет, во кој нема ни најбледичок знак на настран сензибилитет, но кој истовремено е крајно опиен од машка убавина – со таа негова „красота и моќ, секогаш привлечни во мажествениот спој“ (292) – и е сеприсутно проткајан со истополова желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прв пат таа негова особина дошла јавно до израз кога бил во VI клас гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обично ние со него се гледавме само навечер, кога имаше доста работи да се завршат, така што таа негова молчаливост не ми пречеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ниту него, ниту таа негова издржливост на снегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со годините не научи сосема како да ја контролира таа негова немирна мисла, која секогаш луташе од еден до друг спомен и во тоа свое лутање кај него ги будеше истите чувства како тогаш кога вистински се случил настанот од сеќавањето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му ја проѕреа луѓето таа негова желба и почнаа да го уценуваат: да му бараат двојно, тројно, па и повеќе отколку што чинише нивниот имотец на брегот; но тој, кусејќи и делејќи од устата, од животот, преминувајќи ја скришно границата за Албанија по трговија, правеше некако и одвреме-навреме купуваше по нешто и се прошириваше - го освојуваше брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој умре, а син му Профим ја продолжи таа негова желба со уште поголема страст: чинеше сè само да го види еден ден сиот брег негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, решеноста да бидам достоен на зборот што го дадов, да останам чесен пред очите на тој мој пријател, едноставно да ја заслужам таа негова великодушност, беше над секоја моја ниска потреба, во која, за жал бев принуден да го сместам и читањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа негова полусвест остана уште нешто, за што можеше да се сеќава исто толку мачно, како за некој загубен сон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По детето му одговори дека ни тој не се согласил да дојде сам, знаејќи уште посигурно од таа негова постапка дека стариот е толку проклето, но и толку неодменливо готов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко не ја сфаќаше многу радоста во очите на младичот со таа негова постапка, бидејќи тој не можеше ни да замисли да постапи поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дивокозите се спремаа да застанат токму на таа негова вршка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега му мирисаше во лицето вриејќи, се чувствуваше спокоен од таа негова топла миризба, го имаше безмалу мекото чувство на допирот, кога ќе се дофатат за да бидат скинати неколкуте стракови од таа белузлава и мовлива благородна билка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, неговиот предедо не помислил, како воопшто да не му текнувало, за таа негова пушка, прикажана по својата убоитост, додека ја гледал мечката фатена во Неговата стапица.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се стори како да го виде на нивните лица она што ќе го предизвикаше таа негова покана, се сепна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малиот едно време остана вчудовиден од таа негова постапка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш ја гледа таа негова прилика како се лула на своите несвикнати на одење нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Срцето на таа негова жена е меко и жалосливо. И дуќанот се топи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- О,о-о-о! - незадоволен извик се истргнува од Арсо, - Задремало! - Кој? - се одзва Павле. - Магарето. - Аха, задремало. - Таа негова дремка е наша умирачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ја подели нарачката на стариот на два дела, и му дозволи да се извлече уште овој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па така, Сем наредниот ден повторно го праша стариот човек за неговата тага и отсутност. A тогаш, стариот Елисон му го раскажа настанот со Кинг Џејмс и неговите закани и наредби, што вродија со таа негова бледа меланхолија и чувство на уништеност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред да замине од Барселона, ѝ ја оставил полумртвата мачка на некоја девојка, која ја презела обврската и понатаму да ѝ носи цигари на Марија. Но, и таа набрзо исчезна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако безброј пати повторно се обиде да ја види Марија, Сатурн ги презеде сите возможни и невозможни мерки за да го добие таа неговото писмо, но и тоа беше залудно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој бран останува човека за сите векови, се колнам. Во што беше таа негова моќ? многу непреспани ноќи, многу тешки денови ми донесоа само еден одговор, се колнам, тоа беше неговата човечка добрина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледајќи ја таа негова беспомошност, живеејќи постојано во болка и напнатост, често ѝ се случуваше да сонува како и таа ослепела и се будеше исплашена и испаничена: одеше на огледалото да се види и да си ги измие очите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Персоналот, гледајќи ја таа негова блискост со неа, се чудеа и му завидуваа, а особено Којо Пипиле, неговиот другар од детството кој повеќе време е во Пансионот од него, а не успеал ни насмевка да размени со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа гледајќи му ја таа негова збунетост и стутуленост, се чудеше и си велеше во себе, како може тој постојано да ѝ доаѓа во сонот, да води љубов со неа, а сега седи така чудно и нерешително?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но каква е таа негова правдина, кога во овој живот, ни крива ни должна, ме казни...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кој ќе го напушти историскиот процес, штитејќи ја својата „загрозена” судбина, ни покажува дека тој самиот историскиот процес не го разбира како своја судбина, и дека таа негова „судбина” е фикција а „историјата” една марионетска пракса, затворен круг на таа фикција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И кој сѐ се реди во погребалниот спровод на телесно умрениот дух во таа негова куќа?...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но тој, во таа негова состојба на зафатеност со мене, тоа го примил како наклоност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И таа пасеше теле; и додека ќе си подречеа нешто, таа си го милуваше своето теле по главата; и тој си го милуваше своето; по некое време без да забележат, несвесно, тој го милуваше нејзиното тело, таа неговото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мил подолго ја проучуваше таа негова болест.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не би требало ни да го потсетува на таа негова обврска...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во втората половина веќе му ги зедоа во пансионот да му ги перат и така и таа негова врска со татковата куќа се прекрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Роса и Чана ја задоволија таа негова желба не толку за да не премрзне, отколку што знаеја дека му е страв да не го остават сам, да не се случи да си заминат на некое друго место а него да го заборават.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дивиот коњ на мислата во неговата глава, на којшто јаваше таа негова желба, беше просто нескротлив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ти, сега, побрза да ме испровоцираш со таа негова невистина за да провериш колку е вистинита?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Тоа беше Киш - се насмеа Надица кога ѝ кажав за телефонскиот повик. – Чудно ти е?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа време како намерно да нѐ соочува еден со друг, еден во друг зошто внатре другиот сме го замрзнале, а сега таа негова слика се крши, се двои на два различни лика (уште повеќе ако имаме заедничка фотографија, станува толку видливо дека животот е подолг и посложен од миговите складирани во фотографии).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И ќе речам веднаш: знаев зошто Господ Саздов не ми се допаѓа но не знаев зошто не го мразам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа негова вујна Манасија воопшто не личеше на сладострасната мивка што се обиде горе во Кулата да ни ја прикаже Бундев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ах таа негова снисходливост. Најнапред и самиот ќе укори а потоа да не се навреди ни козата ни зајакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш го прашав: „А што ти значи тоа, Руски, да не се навреди ни козата, ни зајакот?“ „Ништо! Сосема ништо! Сум го слушнал некогаш од некого.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Детето е во таква ситуација што таа негова желба е и повеќе од тоа...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но јас само така правев напори за да го задоволам, за да не му го расипувам тоа негово задоволство, таа негова љубов кон мене да ми помогне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А, ако почнеше, разговорот ќе тргнеше на друга страна, а мене ме инстерсираше само таа негова Анка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Аха, значи тоа е таа негова Анка, - си помислив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мене малку ме онерасположи таа негова нежност.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можам од него на раат да се напијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и би ме чул кога не знам на кој начин да го довикнам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми е „манијак”, „болен” по кока-кола и секогаш се однесува како да е таа негова лична сопственост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу ме имаше фатено страв што не можев да се концентрирам на таа мисла и јасно ми беше дека Игбал нема да успее да ме чуе преку таа негова телепатија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секако, бев многу лута на таа негова постапка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)