таа (зам.) - млад (прид.)

Таа млада, а тој богат таа згодна, а тој грд има пара колку сака само алат нема тврд Тој без пара, таа стара тој е згоден, таа сама има само секс без љубов лоша драма крајот шкрт Тој без пара таа бетер тој е згоден, таа гром нема пара има љубов следи брачен бродолом
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Остана таа млада, со четири деца на грб, ама машка рака требаше, за тешките работи, па набргу се премажи за Јована...без свадба, таков беше обичајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пак ќе ги користам наводниците, иако ние разбираме и така натаму: „/првата формула/”, напиша Џери со зелениот кели фломастер преку левата страна на уредниот задник на својата делумно заспана љубовница; на исто толку привлечната десна страна на таа млада дама потоа додаде „/друга формула/“, премостувајќи го нејзиниот процеп и канализирајќи ја неговата отмена точка- запирка со еден издолжен знак за еднаквост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Долго таа млада жена се борела сама со себе дали да му каже на својот маж отворено за тоа дека сака да се раздели од него - продолжи Вера, помолчувајќи малку, како за да собере сили.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никој од учениците не криеше колку му ја разгорува таа младата фантазија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лекарите установиле дека таа млада жена нема да може никогаш да роди дете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Значи: имаше нешто меѓу нас, но имаше и нешто помеѓу нас како пречка, нешто што ја спречуваше Луција да ми се предаде; не беше возможно таа млада девојка, за која и денес знам дека ме посакуваше, не беше возможно велам, да не биде со млад маж само затоа што има некакви обврски, кои сите ги имаме, секој ден.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)