таа (зам.) - малечок (прид.)

И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)