Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога глушецот почна поцврсто да лази, мачорот сигурно почувствува дека на глушецот му беше доволна таа лажна слобода, и дека беше доволно повторно да живнат за да може посилно да го почувствува следното зграпчување на неговите канџи, и затоа одеднаш ја замени здодевноста со грчење на мускулите и се нафрли врз животинчето и, со возбуда на целосно ново запленување, го зграпчи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, и неа веќе ја нервираше таа лажна атмосфера.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Јаничаризмот требаше да го надомести идеалот кој требаше да ги движи другите војски V Додека неколку години подоцна на Елисејските полиња во Париз секој 14 јули од 1994 до 1999 година, како прв амбасадор на Република Македонија во Франција на Плоштадот на Слогата, на свечената трибина одредена за дипломатскиот кор, ги гледав, славните војски, па легијата на странците, во таа лажна свеченост, наредени од сите земји му аплаудиравме на оружјето, се фаќав во незамислива позиција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)