Сонуваше нејасен сон во кој ја виде Марија во раскината венчаница испрскана со крв и се разбуди со страшна увереност дека повторно го напуштила, оставајќи го сам во тој голем свет, овојпат засекогаш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа го водеше за рака низ големиот и мистериозен лавиринт на таа затворена општествена заедница, во која никој не би се осмелил да се јавува по телефон на полноќ и да ја бара жена си.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зад таа затворена врата останаа во мене живи зборовите на мојата баба* од османско, турско, балканско потекло: А kapi! Отвори ја вратата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)