2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не ќе се осмелам да кажам дека станува збор за некаква над- етичка или над-политичка “радикализација”, па дури ни тоа, а во оваа прилика тоа ќе нѐ однесе премногу далеку, дали зборовите “етика” или “политика” денес најпримерено ја именуваат таа друга потреба, блага и неподложна, таа потреба токму неподложна на другиот... извор: Quorum 1, 1994. превод: Г. Н. Ом okno.mk | Margina #11-12 [1994] 47 Жак Дерида: за граматологијата (Jacques Derrida: De la grammatologie, Paris, Ed. de Minuit, 1985, pp.11 - 21)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Чувстуваше дека со помош на својата волја ја доведува таа друга сила во постоење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А таа друга страна, седеше до нејзе и ја држеше нејзината рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Маж ѝ е сега Ристос, човеку. Нема таа друг маж.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сè до ова писмо, тоа што му го кажуваше Марша, за таа друга мајка, на Карл му изгледаше сосем невистинито. Како дел од некоја приказна...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да не речат, - оди си кај таа другата мајка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Едната никаква, повеќе ластегарка одошто патерица, ама таа другата, како за оваа работа да беше направена.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, постои и другата можност – сето време да постои ‘некаде’ во вечна сегашност, во некоја друга димензија; постои таа можност во паралелно и синхроно пулсирање да постојат сите времиња, сѐ што било, и таму, во таа друга димензија, да се ‘преселува’ сѐ што сега е, и сето она што некогаш ќе биде; и само таму, и само така, при средбата на сите временски слоеви и сите егзистенции, сѐ ќе ја сознае сопствената смисла, онаа што ни е неодгатлива во ова минливо постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа му ја подадов мојата рака на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таму, каде што никогаш нема да пропадне она што еднаш веќе пропаднало, а сѐ пропаднало веќе еднаш, таму каде што сѐ е зачувано и заштитено во вечноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само видовитите можат да ја протолкуваат и таа друга страна. Но не секогаш!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Што се однесува до твојата Партија дозволи да ти речам дека таа ги заборава дури и оние кои ја крепеа. Инаку, кога веќе сакаш да знаеш, јас ја почитувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)