И талкаше така, еден сам човек, низ таа дива шума во снегот; се пробиваше тој низ магличавата пепелавост меѓу стеблата, длабокиот снег му го врзуваше неговото чекорење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Отсекогаш знаеше за себе дека е еден од оние, што ја имаа примено таа приказна од старците, таа дива молитва на луѓето од планинското село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А и зарем можеше да биде поинаку кога таа дива ноќна река протече низ месечева темнина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И да не спомнувам дека сета нејзина разголеност беше запалена и посрмена од онаа одвај видлива трепетлива светлина од газјена ламба!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таму чамци и бротчиња се белеат среде водата што спокојно тече.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата. Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)