таа (зам.) - далечен (прид.)

Ја сети таа далечна шега; таа му помина како незадоволна потсмешка со некоја невкусност, но за него сега беше многу поважно што можеше со сигурност да знае дека одамна навлегол во втората половина од таа бескрајна угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа далечна есен на 1901 година, по вечерата, во малата куќарка над коријата, грабнатата Мис Стон беше многу расположена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)