Таа голема способност не ја цениме доволно само затоа што ја делиме со сите други човечки суштества и многубројни животни - таа е секојдневна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Преживувањето на човековите суштества со стотици милиони години било зависно само од способноста за гледање и движење во физичкиот свет, и во таа натпреварувачка ситуација голем дел од нашиот мозок ефикасно се организирал за извршување на таа задача.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Феликс Гатари и јас се обидовме да востановиме одредена филозофија во делата Anti-Oedipe (Анти-Едип) и Mille plateux (Илјадници рамнини), а посебно во ова второво, таа голема книга со многу концепти.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
П.С. Чиниш, целата судбина на стеблото се читаше на таа голема лузна среде зеленилото...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Еве, да ти кажам оти на нашево село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата Организација.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тука се сите, — и му ги наброја сите војводи и раководители што беа собрани во колибата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Викавме, скокавме, се прегрнувавме и живнавме од таа голема вест што не облеа и не исполни со надеж.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нека остане незапишано така, како што останаа незапишани имињата на тие двајца кои ми замрзнаа во снегот на таа голема кривина пред превалот на Ќафасан...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука се уште трае омразата и настојувањето да се заборави споменот, да се избрише трагата и да нема белег за таа голема болка...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И... и се почувствував неискажливо сам и тоа чувство, таа голема болка врз мене падна со тежина што тешко се поднесува, ме скрши.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност... ***
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- И што беше причината таа голема љубов да исчезне? - не издржа љубопитната Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ако си, момче, ти од долен род, ние ќе те напраиме од голем род, чунки ти работел тебе многу к'сметот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дошло момчето кај царот и коа чуло тој збор, му се поклонило до земи и му рекло: - Ви благодарам, честити царе и честити царице, на таа голема чес што ми ја чините вие мене, арно ама јас се гледам за недостоен да ви бидам зет, чунки сум од долен род, да затоа ќе ве молам, ако је возможно, да не биди, за после да не ви е мака.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Царот тога ошол сам на река да видит шчо била таја голема светлина, шчо толку светела.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Јас, цар сум и ваков чеел немам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Речникот никогаш не излегува од таа голема „мрежа на зборови”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тоа беше магија. Сон. За ништо на светот не би ја заменил таа голема, слободна вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги читаше најчесто пред да заспие, како делови на нејзината голема молитва.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Значи, Василиј сега морал добро да промисли како што побрзо и конечно да ја урне таа голема државна творба со која неговиот упорен и заколнат непријател владеел цели 38 години. /.../ - ДИМИТАР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, ЗБОРНИК НА НАРОДНИ ПЕСНИ.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И така, не престанував да минувам низ наметнатото внатрешно чистилиште, со сите молитви на верувањето, за да го почувствувам блискиот внатрешен вкус на Мајкините солзи, за да ја повратам нејзината загубена близина, кога животот сè повеќе ме оддалечуваше од тоа чувство, ме оддалечуваше од таа голема Мајка во себе, со која не престануваме да постоиме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гледав со насолзени очи како таа голема Мајка се оддалечува од животот, а бевме немоќни, со сите свои сили, да ја запреме, да ја задржиме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И еве, младата Ервехе, со својата вујна, Италијанката Клементина, како да беше дел од таа голема војска на животот која ја започнуваше својата балканска одисеја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така би во таа голема Отоманска Империја, за чиј познавач се сметаше Татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И светот, таа голема ороспија, ништо не вели.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но, да ја оставиме таа голема љубов на Тодор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да одиме, ми вели Анастас. Кај ќе одиме, му велам, во таа голема и жешка земја.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Ведане, од што ти е таа голема лузна на кожата?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Најпосле, кога веќе сите мускули и коски ѝ стежнаа, пред да ги залепи клепките, Чана се обиде да си најде место во нејзината глава, ама кај ја собирало таа голема снага?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
После таа голема депресија, со доаѓањето на пролетта како секое живо суштество и јас почнав да се будам и да ми се враќа желбата за љубов.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)