Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А сега не можам да те оставам, мислам дека и ти самиот го разбираш тоа во мене, му зборуваше на самјакот пред себе, некаде таму, далеку напред, меѓу дрвјата од таа волшебна снежна шума, зачекорен и вгорен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Му беше потребна целата утрина за да ѝ се нагледа на таа волшебна шума под снегот млечната виделина, што грееше од високото небо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Иако таа волшебна кутија му ја презентираше војната и порано, тој дури сега, кога самиот свесно реши да ја облече оваа униформа и да го земе ова оружје, целосно ја разбра онаа изјава на новинарот од раскрвавеното Сараево од пред десетина година: „Кога сфатив што е војна, ќе ја заменев целата телевизија за два тенка“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Каква е таа волшебна сила што ги привлекува луѓето?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)