Таа висока, добродушна домакинка и мајка, таа мила жена, која не ме оддели од софрата и ме чуваше како нејзино дете, не успеав да ја најдам, да клекнам пред неа, и бакнувајќи ѝ рака, да ѝ речам: NANE, FALEMINDERIT!...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој, во чудниве мигови на занес, дури и ги наслушнуваше одѕивите на своите чекори што го водеа веќе кон неа, кон таа висока и светла градба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како да поверувам дека сум обвинет кога никој не ми ја соопштил вината? Сторете го Вие најпосле тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сам си велам, сам се слушам. Се искачуваме нагоре, на планината, а таа висока, камен да фрлиш од врвот нема кај да падне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но за таа висока чест, тој требаше да му се оддолжи со нешто на својот покровител.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Во дамнешни времиња некој овчар си го искачил стадото дури до таа висока ливада.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Зарем треба да сметам дека сум бил обвинет а таа висока личност интервенирала?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)