таа (зам.) - можеби (мод.)

Му пеам на трнарчето и си помислувам на мојот кафез на Edgar Quinet на Montparnasse: Не помислувам на туку на песна на моите другари, помислувам - таа можеби да ме оздраве... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Птиците не ѝ пеат на смртта туку на својата слобода и достоинството, и на честа на своите предци им пеат кои ги научиле на оваа горда песна и на сознанието дека во животот само смртта се мери со честа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својот најекстремен облик таа можеби и не е можно да се сообрази со она што го нарекуваме живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Или таа можеби не го знаеше она што веќе го знаеја нејзините врснички – дека момчињата одамна не бараат дозвола и дека таквото нивно однесување се вика спонтаност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И посран од страв дека таа можеби ќе ѝ се довери на пријателката, која, пак, по принципот „ќе ти кажам само тебе, ама немој никому да кажеш“, ќе му го урниса имиџот во курварските кругови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, ако умреше, никогаш повеќе не ќе ја видеше Атиџе, ниту пак ќе дознаеше дали и таа можеби не го сторила истото, или мисли да го стори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Благодарам за тоа. Таа можеби би исфрлила пар работи тука и таму, ѝ се чини.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но таа можеби не бега од свои луѓе, рекол Онисифор Проказник и ѝ се доближил на девојката; очите му биле подуени, вратот му го нападнале брчки на глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не можеме да плиснеме крв на луѓе што еднаш ни биле домаќини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако таа можеби веруваше дека прилично умешно ме има изложено на рафтот на срамот јас молчев, и вистински чувствував како да ја имам нарачано за себе отсутноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Цвеќето нема грб”, се сети Грдан, но не знаеше до каде да оди по неа, зашто таа можеби тргнала во бањата или во спалната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А таа можеби беше запрена на некоја точка, незавршена реченица, незавршен збор.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Впрочем зошто да не претпоставиме дека таа можеби го има згрешено катот!?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)