Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И оттогаш штом ќе кренеше некој глава кон таванот - таа бездруго го предупредуваше: Пукнат е лустерот!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Потајум таа бездруго се надевала дека Али Фети можеби ќе го задржи својот внук во Цариград, ќе направи од него човек, како што си велеше повеќе за себе, отколку за другите, а потоа ќе ѝ се исполни желбата животот да го заврши во земјата на своите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, таа бездруго Вас нема да Ве интересира.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)