Јас не ја знам таа шума, рече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се почувствува како најдивата дивинка од сѐ диво, што криеше во себе таа шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одвреме навреме од длабочините на таа шума допираше само уште чкрткањето на некоја скршена гранка, или пак погибелниот писок на некој отчешнат пар, кој стивнуваше толку бргу, што се чинеше дека некој го придушил токму штом зинал да вресне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа било сѐ што давало некаков знак на живот и во целата таа шума, а тоа сега го опфаќало сѐ повеќе и оној човек, со едната покуса нога, на дваесетина чекори од стапицата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плачело нешто во таа шума, врескало нешто толку жаловито и толку болно, што оној не можел а да не потрча кон таму по испаѓаните наврнати лимонести жолти лисја, меѓу сивите оголени стебла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дај... дај да ти ја милувам косата, таа шума на таинство и дај да ги испијам тие очи како две планински езера на блаженство, девојко.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
И не еднаш во таа шумичка и малку погоре од неа се слушаа поединечни истрели и само еднаш долг автоматски рафал и грмеж од неколку пушки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Лежи таа река таа шума запенета на белото камење.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ме посеќаше на сон со летање - само ова беше летање под вода - и тогаш долу гледам едно бебе кое исто така лета, но јасно ми е дека тоа е детето за кое сите мислат дека е мртво, но тоа не е ништо поудавено од мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како и да е, толпата ме носи во водата и ме буткаат подвода, а јас си мислам, толку, сега ќе се удавам, но успевам да си го задржам здивот подолго од што е возможно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слично е како кога бев малечка и се изгубив на плажата, испаничена лутајќи низ таа шума на влакнести нозе и набрекнати препони, плачејќи по мајка ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)