На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи јас сум ти била постара и од таа црква, или поточно таа и не била родена кога ме донеле за да ме остават пред нејзините двери.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе изградам црква црква ќе изградам си ветив на животот свој од плеќите ќе ја соѕидам од солзите ќе ја исклесам од устата ќе ја изустам таа црква Жизнена и Божја.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)