таа (зам.) - угорница (имн.)

Но уште веднаш во слизнувањето му се пристори пред погледот и тој успеа во еден миг да здогледа некакво помрднување; наеднаш имаше впечаток дека не е сам по таа угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постоја малку и со погледот лесно ги изнајде неколкуте шпели, за кои знаеше на таа угорница, некаде на нејзината горна половина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заминуваше по таа угорница, ниеднаш не ни помислувајќи да се преклони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)