Можеби, поконкретно, има врска и со силната, опачна привлечност на романтичноста за геј-мажите и со лекот за романтичноста што го овозможува нивното величање на неавтентичноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако една од функциите на камп-хуморот е да наврати на трауматична сцена и да ја преодигра таа траума во урнебесно преувеличен сразмер со цел од неа да ја испразни болката што кампот не ја одрекува, тогаш за присвојувањето од страна на кампот на овие драми во судирот помеѓу мајката и ќерката може да се мисли дека е соочување со стравот што тишти многу геј-момчештва и што остава трауматичен талог во внатрешните животи на голем број возрасни гејови: стравот дека обожаваната мајка може да си ја покаже – макар и несвесно, или против своја волја – несовладливата одбивност кон сопственото чедо, одвратноста од тоа што родила и одгледала девијантно дете.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Излез, всушност, има.
Вложеноста на машката геј-култура во сцената со судирот меѓу мајката и ќерката, со други зборови, и тоа како може да има врска со неблаготворните општествени и дискурзивни услови во кои геј-мажите се воздигнуваат до можноста за емоционално изразување, а најмногу за еротско изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеме да продолжиме онаму каде што запревме на крајот од поглавје 10 и да ја толкуваме привлечноста на тие филмови за геј-мажите и на двете веќе издвоени сцени од нив, и тоа во контекст на нашево сфаќање на кампот.
Глетката со лутата мајка би функционирала, според ова толкување, како начин на нова изведба и дејствување преку еден од најголемите ужаси или потенцијални ужаси, од настраното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот се враќа на сцената на траумата и ја преодигрува таа траума во урнебесно преувеличен размер – до толку што ѝ ја исцрпува болката и, со тоа, ја преобразува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што отпрвин личело на посебна опседнатост на геј-мажите со ликот на мајката излегува дека повеќе имало врска со оптоварениот однос на геј-мажите кон опасно заводливата, угнетувачка, неизбежна, беспомошна и кон трагичност склона улога на романтичниот љубовник.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб.
Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)