На таа точка се враќаме кон контроверзата помеѓу есенцијализмот и конструктивизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но, токму таа точка беше нејзиниот екран, се гледаше себеси но и оној кој беше „искован“ од нејзиниот сон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го пропушташ превозот за секогаш. Остануваш да чекаш во таа точка каде што си застанал.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Погледот ѝ се промени, стана жив; го немаше веќе оној презир од пред малку, и таа рече: „Каква е таа точка?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Цената на сознанието беше губењето на рамнотежата, и во таа точка јас таа цена одбивав да ја платам; се грижев за рамнотежата, а не за неверството на сопругата, и тоа беше она што беше – смешно!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лесно ми одеше, оти онаа вечер кога открив дека сум надарен за качување, јас ја вежбав таа точка секојдневно во дворот на Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во ушите му одѕвонуваше мистичното дижериду, кое ја загатнуваше мислата дека на таа точка на која се наоѓа, сигурно постои Божја промисла за постанокот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)