Многу ми треба твојата прегратка со вкус на цимет ми треба тој молк набабрен од стара музика таа тишина во која влегувам со собуени чевли и во која собирам роса, источно од сите прашалници.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
За кратко време селото се смири светлината угасна, та во таа тишина се слушаа не само песните од Сивевата кула и извиците на водарките, туку и секој збор што се изговоруваше на кулата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Одеднаш таа тишина ја наруши труба: - Тати-тати-татиии-туу!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Не потраја долго, пак завладеа штама...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ах, таа тишина Ах, таа тишина, таа благословена неподносливост, тој благороден мир, по кој од очај копнеам сега а кој цел живот ги проколнував и мразев.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Таа тишина ги содржеше сите болки на мештаните, сите зборови нивни мисли, сите стравови од огорченоста и барањето на одговорот на тоа тешко прашање: Што ќе се прави сега?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога звукот на прошепотеното име се изгуби, повторно завладеа тишината, а оваа тишина доаѓаше од него, тој беше изворот на таа тишина, како што таа беше изворот на прошепотените слогови од неговото име.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ние стапнувавме полека и самите запленети од таа тишина, плашејќи се да не ја прекинеме, да не нарушиме нешто.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Од таа тишина јас полека умирам, од неа, мислеше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, за извесно време и Претседателот беше послаб од таа тишина и не рече ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И дури во таа тишина успеваш да помислиш дека низ своите маки, со своето страдање, и покрај тоа што од тебе направиле сенка урнатина, смогнуваш сили со презирот да ги наткрилиш своите мачители.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Оф, како одзвучуваше мојот чекор во таа тишина во која се давеше срамот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А можеа и ништо да не зборуваат, толку беа доволни самите себе си - во таа тишина ранливо што ги примаше сите обиди да ја нарушат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во таа тишина по која успевав да слезам, кога од едната или од другата страна на улицата, за среќа многу ретко, ќе се зададеше некој автомобил, неговата бучава изгледаше како катастрофа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во таа тишина на отворените книги силно ферментираше неговата мисла.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тие речиси и не обрнуваа внимание на тоа што говореше таа тишина, какви значења ослободуваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)