Иако се трудев да не размислувам околу тоа дали навистина ми е мајка, дојде време кога попуштив, се срушив под таа тежина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но сега Германија беше спроти него и тие двајца, тој и Германија, го држат диференцијалот кренат; треа да го пренесат некаде, но Германија, дали затоа што не може да ја издржи тежината или затоа што така сака,со намера е да го пушти, да го остави Еда сам со таа тежина, иако тој го држи само на едниот крај.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Има само еден излез: да не ја чувствувам повеќе таа тежина...“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Офицерите не предадоа!“ Еполетите не претставуваат веќе она што беа, стануваа тешки, под таа тежина земјата му пукаше под нозе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но јас сум тој кој ја замислува и ја знае таа тежина, а Борко сега, најпосле, си е мирен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Зашто таа тежина е знак колкав е навистина залогот кога ќе се растоличи „сериозното“, кога овој ќе може да се лиши од надреденоста над „тривијалното“, кога стилот ќе успее да претегне над содржината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ја симна таа тежина од својот грб и длабоко задоволно се издиши кога го испрати Сефедина со врзаните бунтовници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И тие се со тежина, но таа тежина не ја одредува доставувачот туку таа зависи од упатствата на службата која се бави со овие активности.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа служба ги одредува приоритетите и укажува на нивното значење.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За жал без таа тежина не се може.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури чувствував и некоја леснина што се ослободив од таа тежина, од таа мора, што ненадејно ми ја наметнаа парите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)