Првите денови од мојата мисија во Франција, во Quai dОrѕау, во таа тврдина на милениумската француска дипломатија, како да се најдов во потрага по излез од лавиринт, метафора толку честа во мојата семејна судбина, наследена од татковиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И уште ќе додаде: најпосле, таа тврдина е разурната од мојата машка упорност. (упорноста напати ја заменуваше и со зборот професионалност), и сиот озарен од своето суетно задоволство најпосле малку посмирено, и со еден вид збунетост и извинување ќе констатираше: гледај, мајката, тврдината со валкано минато сепак била обична девица...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сега, кога го имаше клучот од големата сиџилска тврдина, од таа тврдина од хартија, а клучот беше самиот тој, него сега го оддалечуваа...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во таа тврдина крај морето на осамениот владетел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)