Така сите ќе се најдат себе како дел од таа тага.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
РИМУВАНА КНИГА пламен на збор рамен страстен бесен небесен занесен знак дека пак на тајна трајна виделина око ќе сонува спокој мисла што се впива жива вивната а пак в миг стивната о таа тага о таа драга горе непрегор море плен на налуничав ден долу земна нескротлива темна коска древна засенети скаменети зборој во груба убост од створ цедат одговор: каде е атот? кој е патот?
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Коњаник-кловн во таа тага.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се сетив на денот кога тие заминуваа и таа тага, од тој ден, и оваа, од овој, се споија во една.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Голема, голема тага!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Змејко ниеднаш не чувствуваше дека му недостасува нешто, кога имаше една таква жена, како Мара, еден таков син, кој на крајот од секоја завршена година во гимназијата во градот носи сведоштва со одлични оценки и по некоја книга награда, но Мара ниеднаш не се ослободи од сенката на таа тага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако времето не се сочувува, ако секој миг не е спасен во некаква форма, тогаш самото време е бесмислено, тогаш сѐ што се случува во времето (а сѐ што се случува е во времето) е бесмислено, и сѐ што некогаш било, што е, и што ќе биде, е потполна бесмисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Овој миг сенките им се придружуваат
на предметите:
предметите се претвораат во сенки
па кога би посакале да го посматраме
двоењето на она што е едно
таа тага би ни била ускратена.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)