Што се однесува до Соединетите Држави, таа стратегија нужно би барала во блиска иднина да се вложат значителни средства во кривичното гонење. Таа меѓутоа, би можела да се распореди порационално така што поголемиот дел би се насочил кон локална примена на законот, за одделни градски населби да можат да одолеат на поплавата од трговци, наместо поскапата алтернатива како што е апсење на корисниците; со тоа што на користењето на јаките дроги би се реагирало повеќе вон системот на кривичниот закон; и со тоа што сегашните вчудоневидувачки и контрапродуктивни казни за кривични дела во врска со дрогата би се намалиле на ниво на казнување што се применува во попрогресивните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Определувајќи се за таа стратегија, Милер се труди да ѝ даде опипливо значење на пропозицијата, која често ја изговараат геј-мажите во врска со раното влијание што врз нив ги имало едно или друго дело од популарната култура, дека тоа и тоа дело „ме направи геј“ (66; ова е уште еден белег на Милеровата смелост: мнозинството од нас инстиктивно би клонело од секакво објаснување на хомосексуалноста кое би било завиено во речникот на етиологијата, во некаква приказна за потеклото, стравувајќи онака како што стравуваме дека секој развоен приказ на тоа како некој станал геј задолжително подразбира некаква патолошка причина).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што се однесува до законските мерки, тие треба помалку да ги применуваат на уживателите а многу повеќе на трговците. Легализацијата на продажбата на јаки дроги во никој случај не би смеела да се дозволи со образложение дека трошоците од социјалната и здравствена заштита, како и од општествената солидарност, не се прифатливи од морално и практично гледиште.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа стратегија Швеѓаните ја нарекуваат „стратегија на солидарност“. Нејзин основен принцип е спроведување социјална политика која сите граѓани ги вклучува во општествениот и економскиот живот - посебно младите, за да не подлегнат на фрустрациите и на чувството на отуѓеност - со што се намалува и потребата за дрога. 74
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Разработувајќи ја сета таа стратегија, веќе сосема заборавив на можната вознемиреност кај Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најмногу изгледи за успех би имала стратегијата која во голема мера би се потпрела на холандското и шведското искуство. Наспроти впечатокот кој погрешно би можел да се стекне, Холанѓаните не ги легализираа јаките дроги; тие практично ја комбинираат фактичката декриминализацијата на марихуаната со строгата примена на законот против трговија со јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)