Кога Хауард Хокс го снима Хатари (Hatarri), тој задоволува двојна страст: кон ловот и кон филмот; Алфред Хичкок трепери само за филмот и многу добро ја изразува таа страст кога одговара на еден морализаторски напад врз Прозорец во дворот: „Ништо не би можело да ме спречи да го снимам тој филм, бидејќи мојата љубов кон филмот е појака од било кој морал”. (...) Ако навистина сакаме, во времето на Ингмар Бергман, да ја прифатиме идејата дека филмот не е инфериорен во однос на книжевноста, верувам дека Хичкок би требало да се вклучи - но, всушност, зошто да се вклучи?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не може да се избави од впечатокот, или од сомнението, дека нејзините напнати изливи на емоционален израз можеби се надуени повеќе од строгите услови што ги налагаат екстремните ситуации што ги прикажува, на смртните страданија што биле побуда и сигнал за сета таа страст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, она што трагедијата не може да го преживее е и најблагото знакче дека можеби, само можеби, е „малкуцка изнасилена“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, поточно, трагедијата да се претвори во мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)