Веруваше дека таа среќа ќе трае подолго.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ништо поцврсто не ги поврзува луѓето, како делењето длабоки чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога се чувствуваме беспрекорно одлично и среќно ако не го поделиме тоа со вистинските луѓе, кои знаат да се радуваат и тагуваат со нас, таа среќа никогаш нема да биде целосна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да му наздравиме и да посакаме таа среќа да трае до крајот на неговиот живот, до крајот на книгите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Долго молчеа додека пак, Србин рече: - Не сме ние со таа среќа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Понекогаш ја растажуваше што ја немаше таа среќа да им се радува на свои.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Травар не е, не сум јас таа среќа, повеќе е трепкач засрамен од сам себе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Не патував јас. Ја немам таа среќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сите патуваат, само јас останувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Она на пример не беше в ред кога и реков дека среќата и се насмевнувала повеќепати само затоа зашто некој се потрудил таа среќа да и ја испраќа по темнина, кога жените се здобиваат со додатни убавини пред кои и најдоследните испосници и женомрсци паѓаат на колена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и сега, додека ги повторувам овие зборови, ми звучат како прифатливи и одмерени иако верувам дека ќе има и такви кои ќе си помислат дека биле неискрени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Цеце (Кон Мими): А ти, пичко, скидај ги гаќите и легнувај на хаубата! (Со прстот покажува кон колата на Краста) Ја имаш таа среќа да ти го џвркне Цеце Манијакот!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На младичот му удира силен бокс и од задниот џеб вади нож.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За бргу, збирката стана најпопуларна партизанска публикација. Тие што ја имале таа среќа да дојдат до неа сo гордост говореа: „Јас ги имам песните“. Ce сеќавам за една доста жолчна расправа во с. Сливово - Дебарца.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Кому да ја подарам таа среќа мала, тој кикот црвен, тој усмев палав?
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
За неа беше туѓа, незамислива таа среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Финтата беше кој прв од сите тие збеснати, тие ужасни бедници ќе кидне порано...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Беше тоа во „Генитрон”, омиленото списание (дваесет и пет страни) на пронаоѓачите-занаетчии од Париското Подрачје, кога мојот вујко Едуар ја имаше таа среќа да го запознае еден ден...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Каде е таа среќа, која сите ја бараат, а само миг трае или вечност ако сфатиш дека ја нема...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Но Ервехе не можеше да ја има таа среќа што ја имаа браќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)