таа (зам.) - среда (имн.)

Таа среда попладне се собравме во полн состав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас се фрлав од едниот кон другиот, тие ме креваа во раце, се бакнувавме и се гушкавме сите четворица, па ми раскажуваа како сите тројца одамна знаеле дека таа среда е ТАА мојата што ја чекам „илјада години” да дојде, дека криеле од мене за да не се случи да пропадне планот, па да се разочарам ако дознаам...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш дојде тој - изненадувањето. Љупчо срипа и машки се поздрави со него. За глава повисок од Љупчо и плеќест.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Проретченото есенско лисје не можеше да ги додржи дождовните капки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И така... Чудесна среда беше пред мене. Најубавата во мојот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)