Во таа состојба доаѓаат мажи со потекло од Југоисточна Азија...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Знаеме само дека таа се искажува низ страдањето како некакво искупување, како молба за прошка, и дека максима на таа состојба е: „Немој да се смееш, на лошо ќе ти испадне”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„А уште колку може да потрае таа состојба?” „Со години. Тоа е челична природа. Ќе се зачудите.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Проловите - му падна ненадејно на ум - беа останале во таа состојба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, суровата машинерија на реалноста постојано ни докажува дека таа состојба може да се достигне во целосна потполност само на оној свет, ако постои свет после смрта...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но имав уште многу живот пред целосно да се предадам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Искрата што ја криеше таа состојба кај Рада беше посебно впечатлива.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потоа авторот го отфрла објаснувањето на таа состојба на работите со истогласноста и со исто толкава решителност се брани од нејзино сведување на наводно низок степен на египетскиот духовен развој.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Вештина сѐ да се пресмета, сликарство што се манифестира со бурни феномени; тоа, во права смисла, се изградува како „механизам за маѓосување“; но едновремено, штом ќе помине вxашеноста и штом гледачот ќе го опфати таинствен страв, таа состојба може да се објасни само со враќањето на „менталните“ операции; се враќаме од маѓепсаноста, од илузијата за завршено дело, кон неисцрпната активност на духот, т.е. кон бесконечноста од рефлексии и анализи, односно кон чудото на непрекинатоста, кое ни самото, во крајна линија, не е ништо друго туку еден вид на исто така творечка и плодна илузија во која би сакале да веруваме или да ја дефинираме.“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Бунарот беше сув! Не можам да ја опишам таа состојба, отпрвин на неверба, а потоа на изгубеност и страв.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој не веруваше дури ни во постоењето на халуцинации; според тоа, не го беше видел она што - по негово мислење - не е можно да се види; тоа беше речиси шок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од таа состојба почна да го извлекува повеќе пати повтореното објаснување коешто со леден глас го даваше татко му.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа состојба потраја целата наредна година и повлекувањето, потоем и капитулацијата на Германија значеше конечен пад на каменот од срцата на митрополитот, на градоначалникот, на 275-те Евреи и на нивните смели домаќини од внатрешноста на Закинтос. Кога три години подоцна беше формирана новата израелска држава, еврејските семејства од Закинтос заминаа за Израел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Хрисостом и Карер беа прогласени за „Праведници меѓу народите”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Распознај го и остани во таа состојба...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но за да се достигне целосно таа состојба, сигурно е потребно многу учење и вложување голем напор од оној што ќе реши да се просветлува – загледан во старецот како да слуша, првпат во животот, необична животна лекција, се поднакашла, во знак на откажување од намерата да учи понатаму, и продолжи: - Чувствувам недостиг на ентузијазам.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Како да се извлечам од таа состојба? – праша Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Повлекување во јазикот
Сѐ повеќе тонам во јазикот
- турбулентно, катаклизмично
обожавање кое доаѓа со чувството
дека немам повеќе време
дека нема време, барем не
во банална смисла.
Народот таа состојба ја опишал
со изразите:
„нож под грло“
или
„ми гори под нозете“.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако, во фирмата немаше средства и претпоставените притискаа да не се бараат пари – сепак тој успешно ја менаџираше таа состојба и, во летото 2001, успеа од директорите да „извлече“ средства за да се исплатат патарината и хранарината на вработените за тие неколку месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Марковски, како претседател на синдикатот, се почувствува повикан да реагира на новонастатата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)