Од малото сопче на источната страна од куќата, бидејќи стаклото од прозорецот беше се скршило и бидејќи таа соба не ја употребував ни јас сега, ниту ја употребувавме при поранешните доаѓања со Агна, слушав црцорење на ластовички.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во таа соба беше сместен еден офицер, а не знам што чин имаше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во таа соба лежи болна неговата помала сестричка, Ленче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знаеше дека според преданието, вратата на таа соба до трипати смее да се отвори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, кога сме одвоени, во истата таа соба, ѕидовите вртоглаво бегаат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во таа соба, како и под детскиот шатор, Сонцето станува коцка. Месечината јајцевидна...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, откако беше сместена во таа соба пред неколку месеци, не проговори ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа минатата недела ја префрливме овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во домот бевме останале уште само моите родители и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сега зрачи со спокој.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега таа соба навистина беше само моја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара во таа соба молчеше и беше неподвижна како и сега, но лицето ѝ беше во неопишлив грч.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На масата никогаш не заборави искината обвивка, на столчето oблека, јака, врска, ништо што би било знак дека во таа соба се чувствува како дома.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Навистина, тоа не беше ниту многу удобно, ниту сончево, само со едно прозорче кое гледаше накај некое тесно, пусто сокаче, каде што никогаш не се пробиваа ниту воздух ниту светлина, бидејќи беше затскриено од зградата што се наоѓаше отспротива.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И дека со себе ги понесовме црнилата од таа соба?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Застаната на прозорецот од таа соба, гледав во зелените ливади, сакав да го сочувам тој момент, таа глетка да остане засекогаш во моите мисли.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Газдата на хотелот ни кажа дека во таа соба има престојувано Џон Кенеди Џуниор. Колку беше убав Вермонт.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во таа соба ниска и непроветрена, по мирис ја сети тешката рана.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сончко насетуваше дека токму во таа соба е Зорица, но не можеше никако да се пробие во неа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
БОРИС: Колку кревета има во таа соба? МАТЕЈ: Нема ни еден. (Пауза)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ја слушнав како ми рече: - Софи одкако виде си заминавте откај нас се сменија уште некои девојки кои што го чуваа Патрик и беа сместени во таа соба.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тројцата присутни седнаа на каучот што беше најголемото парче покуќнина во таа соба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)