Сакам живот, сакам ноќи исполнети со трепет, сакам среќа и уште една радост мала, за таа смрт и живот би дала.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Овој резилак што направија тие пезевенци со никакви пари не се плаќат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Токо, ми се чини оти со нишчо не су а заслужил таа смрт, што ми а ружате, та на тој век и јас ќе ви се кача на грбот со моите греови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, татко му, онака слаб, болникав, токму од тоа бледило, од таа магла, од таа смрт го поеше со чувствената меланхолија на музикалниот човек.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Лежеше на мојата дланка, сета таа смрт. Притаена, кодирана, очекувајќи.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Никогаш со повеќе живот отколку тогаш, во таа смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А кога на дваесет и трети јули луѓето ќе ја сретнеа неговата бледа, безначјана фигура, не знаеја ништо за таа смрт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И ако случајно нешто го натерало да се премисли, не можел веќе назад, веќе сите знаеја, сите ја чекаа таа смрт.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имајќи шанса да ја искористам таа смрт, јас ќе се потрудам, за доброто на сите чувствителни кои го населуваат Небото, да го добијам Будиното совршенство, растопувајќи се во љубов и сочувство кон нив, и упатувајќи го сиот свој напор кон Единственото совршенство.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Објаснете, објаснете!“, се слушнаа гласови од сите страни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
“Тој сево ова го објаснува со едноставниот факт, имено, таму додека живеевме, ние по грешка ја сметавме таа смрт за смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)