таа (зам.) - случка (имн.)

Како и да е, по таа случка на кејот немав никаков контакт со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но таа случка, анегдота спред формата, има сосема сериозен карактер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби за таа случка немаше никој да ги окривува, но, ете, некаков прикриен страв не им дозволуваше да ја кажат вистината.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И затоа таа случка и тој страв од Зенула јас го измислив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сепак сета таа случка остави длабока трага во неговата душа, подлабока од засекот на корбачот преку грбот, ги збрка сосем некои негови тврди претстави за човештината, раздвижи различни чувства, а особено го потстакне чувството на револт, кое не можеше да не си најде и надворешен израз во вид на извесна акција.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)