Возвишеното одушевување за коешто сведочи таа слика воопшто не губи ништо со фактот дека ние сега знаеме на кој начин тие настани биле манипулирани (во крајна линија, тие имаа врска со ударот на тајната комунистичка по лиција, Секуритате, против самата себе, против својот сопствен означител; т.е. стариот апарат пре живеа менувајќи ја својата симболичка облека): за нас како и за најголемиот дел од учесниците, сето тоа стана видливо дури накнадно, но она навистина важно во тоа е што масите во Букурешт ја „доживуваа“ таа ситуација „отворена“, дека учествуваа во единствена меѓусостојба на премин од еден дискурс (на општествени врски) во друг, кога за еден краток, минлив час, стана видлива празнината во големиот Друг, во симболичкиот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ќе биде симпатично друштво меѓу стемнетите чифутски фаци. Токму тие фаци и ги дочекаа него и подофицерот Мајснер во еврејските канцеларии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Заедницата е добро мотивирана да стави крај на таа ситуација и тоа треба да се искористи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога „објективно” би ја опишале оваа глетка, само би го разоткриле она што е „објективно”, или, подобро речено, она што е онтолошки присутно во таа ситуација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дали се советувавте себеси на поинаков начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Што си кажавте што ви помогна во таа ситуација?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Облечен во оваа иста униформа, со пушката потпрена на коленото, тој седеше пред исклучениот телевизор и се убедуваше дека стравот што го чувствува како грутка мраз во градите е сосема природен во таа ситуација.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во таа ситуација, јас можеби доста лесно се извлеков.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Многу народ се беше собрал, ја гледаше таа ситуација со огромно внимание и бурно се коментираше од сите страни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ја следев таа ситуација и ми стануваше сè појасно дека тие вистински се вљубени.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Те погледнав тебе, беше навистина истоштен, нерасположен, нервозен од целата таа ситуација на неизвесност, и ти реков: "Оди ти на овој лет, а јас ќе ја пробам среќата на следниот што оди за Портланд, па за Сиетл".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Што направи тој, нејзиниот Хелвиг, нејзиниот сакан во таа ситуација?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да кажеше макар само неколку збора, за било каков излез од таа ситуација...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, во исто време беше свесен дека не може да се снајде во целата таа ситуација.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Адамиќ сметал дека во таа ситуација "Обединетите нации би требало да бидат тие што ќе обединат и ќе изнајдат формура за акција, со што оптимизмот на Салвемини би станал реален".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сметале дека таа ситуација би можела да биде малку ублажена во случај ако се востановат слободни пристаништа и комуникации меѓу Солун и Кавала и ако тие слободни пристаништа и комуникции меѓу нив и главните центри на југословенска и бугарска Македонија се стават под меѓународна контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нивните извештаи станале особено актуелни кога "воскреснала" идејата за обединување на Македонија, а секако и поради информациите за можноста да се формира југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во поткрепа на тоа тој сметал дека би требало уште веднаш да се започне со практична акција, а како пример го навел ослободителното движење во Југославија, во кое биле вклучени комунисти и некомунисти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таа ситуација, за британскиот Форин офис биле од голема важност информациите на британските воени мисии што престојувале во Македонија, имајќи го предвид развојот на политичките собитија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Изабел ми зборуваше за тоа дека лошо постапила со тебе тогаш но сепак и за неа цела таа ситуација била збунувачка.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тука, во таа ситуација, го вклучив во програма мојот инат.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можеби забележа дека сета таа ситуација ми е привлечна и сфати дека со тоа полесно ќе ме освои.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За жал во целата таа ситуација постојано се провлекуваше најголемиот порок на моето постоење, а тоа е немањето пари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)