Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојата мајка честопати ми велеше: „Погледни ги своите сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако навистина пресудно во станувањето жена не е нешто суштинско во неа, туку нешто надвор од неа – забележувањето, кога е девојче, дека нема ист полов огран со машкото, забележувањето, како што велеше мојот брат, дека е “осакатена”, зошто тогаш како резултат на тоа забележување, резултат од кој, тврдеше брат ми, од детскоста се раѓа женскоста, од детето се раѓа жената, зошто резултат на таа свесност е зависта, а не тагата, или стравот, или рамнодушноста: тага што половите се разликуваат; страв од разликата, страв од другиот пол; рамнодушност кон различноста?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Откако брат ми замина од дома а времето кога не беше со пациентите го минуваше со Марта Бернајс, откако Сара ја среќавав само во сеќавањата, откако Клара потона во своето отсуство, чувството на отфрленост, таа свесност дека повеќе никој не копнее по моето присуство, ме правеше ранлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но во таа свесност не беше вклучено резонирањето на совеста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)