таа (зам.) - разлика (имн.)

Исти одредби важат и за забраната и ограничувањето на правото на штрајк, со таа разлика што не е наведена забраната за штрајк во полицијата при кризна состојба (чл. 108, ЗП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со него се утврдуваат исти услови и иста процедура за најава на штрајкот за полициските службеници (чл. 106, ЗП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас се уште го сакам исто како и кога бев мала со таа разлика што сега знам дека тоа не беше поради подароците што ни ги носеше, туку заради радоста што неговото присуство ја будеше во нашата куќа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еуфоријата продолжуваше и натаму со таа разлика што третиот ден во куќата на баба Миа веќе бевме дома.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секој ден се колеше по една кокошка од кокошарникот на баба Миа (Ефимија).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го испративме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со таа разлика што стрико Божин беше ситен, мал човек, веројатно на баба ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што рече еден критичар, нашите филмови и изгледаа како куќни филмови, со таа разлика што нашата куќа малку се разликуваше од другите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Седевме во мракот на Синематик и го гледавме метар по метар материјалот што го снимивме во текот на целата таа година по сите места во кои бевме - Сан Франциско, Саусалито, Лос Ангелес, Филаделфија, Бостон, Хемптон и ширум Њујорк, во кој се наоѓаа сите наши пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа време за тој филм воопшто не размислував како за меѓаш, но кога сега ќе погледнам наназад, тој навистина го означи крајот на периодот во кој правевме филмови само за да ги правиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ресторан, како и секој ресторан, со таа разлика што тука се служат скапи јадење и сè ќе беше незабележливо ако на масата не се појавеше да служи еден мошне стар келнер, веројатно со своите осумдесетина години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Расказите на Бартелми ги избегнуваат телеолошките импликации на разликите меѓу негативниот и позитивниот аспект, а сепак делотворно ја прикажуваат таа разлика, лебдат во таа сфера на неизвесност и вртоглавица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде под самата чука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата ја виде оваа од Бахтијара и двајцата заповедници се ставија во „Липје" и го утврдија планот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше посестримата на Челебијата, Неда, тукашно девојче — од Рожден — кое овој христијански — италијански бег си го прибра на конакот да му се „најде“ како Адембег во Крушевица Катето, со таа разлика, што ова робинче Челебијата го удостои и со едно машко детенце, кое Ѓузепе го крсти Христаќи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не случајно, на пример, таа разлика, според Ив Кософски Сеџвик, е она што ја определува разликата помеѓу кампот и кичот во прагматиката на дискурсот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И колку поблиску сме до позарот, толку почесто го слушаме македонскиот говор и изненадени сме затоа што леринскиот пазар многу личи на битолскиот, а и кафеаните и кафулињата и малите ресторанчиња личат на битолските, но со таа разлика што во Битола се зборува гласно, а тука, во Лерин, тивко и внимателно и само во свое друштво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тука, се чини, како во Капештица и Трстеник времето застана, но со таа разлика што тука не пречекаа многу срдечно и широкоградо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите промени кои требаше да дојдат, а за кои не знаев, ги насетував заради разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми; како што се плашев и колку што ме болеше помислата на таа разлика, така и толку ме плашеше и болеше необјаснивото навестување на односите со другите тела кои тогаш за мене беа нејасни; доаѓаа до мене, непознати, како запис кој се пренесува од генерација на генерација, уште пред да се чуе за нив, уште пред да бидат видени и искусени, запис пренесен преку крвта, силно врежан но во детството матен и необјаснив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Слично е во комуникациската мрежа, со таа разлика што послугата е навистина интелигентна а и кафето е одлично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Анри Бретон вели: „Сметаме дека, почнувајќи со Жари кој долго време се спротивставуваше на разликата меѓу животот и уметноста (која се сметаше за неопходна), конечно се дојде до тоа таа разлика да биде поништена како принцип.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таканареченото „ укинување на приватната сопственост“, до кое дојде во средината на векот, значеше всушност концентрација на сопственоста во рацете на уште помал број луѓе отколку порано: но со таа разлика што новите сопственици беа група, наместо маса поединци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За таа разлика во однос на законот од 2003 година што кај оваа одредба го нема неисполнувањето на обврските како законска пречка за остварување на правата утврдени со овој закон. 126
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нема култура, ниту културен идентитет без таа разлика со себе. 6 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали сме му поверни на наследството на една култура ако ја негуваме разликата во себе (со себе) која го конституира идентитетот, или пак ако се држиме до идентитетот во чии рамки таа разлика се одржува на едно место?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лакан се бави со таа разлика во својот семинар за идентификацијата, кадешто неговиот аргумент е дека не живее само субјектот во јазикот, туку и домашните животни; само што нивниот однос кон јазикот е раз­личен!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Верувам дека никогаш порано, пред појавата на Валери Соланис не дошол на идеја да ја изедначи славата што сам ја конструираше со таа на Мерилин или Лиз, слава која предизвикува стравопочитување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек­ лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Столовите беа неудобни како во ресторан за брза исхрана – со таа разлика што овде услугата беше очајна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Погледнете го Бенетон, тоа е чиста уметност; Малборо, тие ги имаат користено нашите слики, двајца луѓе, дури и наш текст, преземен директно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постои ли сѐ уште таа разлика, и вреди ли да се оддржува? okno.mk | Margina #10 [1995] 127
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа разлика почива на инхерентното значење на состојбата на необичната стварност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но со таа разлика што овој пат главниот лик успева да избега од пеколот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)