Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк пратен од темната рака на времето и издлаби во тебе длабнатинка црна полна со црвена вода што те поплави А ти не го чу не го чу и како да го чуеш во тоа итање и во таа радост што само иловицата на стиховите ја познава Не го чу не го чу не го чу и никој не те виде
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја растажуваше и долгата безуспешна борба на брачните парови кои со години ја посакуваа таа радост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Палачинки им печам, еклери и торти за таа радост скоро цела плата оди и тогаш се чувствувам како Иван Грозни тоа е она што во животот ми годи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тики: Благодарам, Еди. (ѝ се поклонува на бабата и театрално ја подигнува раката во воздух) Тики: Секогаш сам по паркови се мотам на мали дечиња бонбончиња им давам некои од нив веќе не ги видов белки не заради она што во бонбоните го ставам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа радост и мене ме обзеде.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше нешто како по бурата со црни облаци сонце ќе огрее.. Кратко траеше таа радост.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа патување и таа радост никогаш нема да ги заборавам!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но убава е бубачкава што ја држам в рака и знам дека е мртва, дека нејзината градба ја надминува секоја друга и поседува незауздана радост, а таа радост е радост на каменот, и таа живее во гробот како лав.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Од таа радост на неговите гради ѕвонеше голем будилник со бројки од 1 до 12.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Јас секогаш бев покрај нив, како сведок на нешто што се случуваше зад изговореното, бев сведок на нешто што никогаш не си го кажаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми честопати ги собираше моите сестри, наоѓајќи начин да не ме повика и мене, и потоа седеа долго во кујната, а јас понекогаш само малку ќе зачекорев во ходникот и пак се враќав во собата, и при тоа кусо приближување до нив, до вратата која ме делеше од нив, успевав да чујам делче од нивните разговори, какви што водеа повеќето мајки со своите ќерки: за она што една девојка треба да го исполнува за да биде добра ќерка, за начините на кои се стапува во брак, за должностите на жените кон своите сопрузи и деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сите нивни подоцнежни средби ги имаа тие нијанси од првото видување, таа радост и таа непријатност, тоа исчекување, тоа љубопитство, тоа воздржување, таа несигурност, сите тие нешта кои се мешаа со зборовите, а сепак завршуваа во некаква неизговорливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако времето не се сочувува, ако секој миг не е спасен во некаква форма, тогаш самото време е бесмислено, тогаш сѐ што се случува во времето (а сѐ што се случува е во времето) е бесмислено, и сѐ што некогаш било, што е, и што ќе биде, е потполна бесмисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И освен таа радост имав и едно поинакво чувство, затоа што знаев колку сум далечна од нив, онолку далечна колку што некогаш бев блиска со мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)