— А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш, бре, кај одиш вака јавно на бел ден? Не гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? — го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И Митра ги соблече невестинските алишта, си ги облече четничките, си ја прибра и таа пушката и од убава руса жена пак стана Толевиот четник Мише Ќосото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега телото му беше исто толку студено и туѓо оружје колку и таа пушка што ја носеше веќе со месеци.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„... Пиејќи во кафената „Солун“, размислував што да правам со директорот другарот Граматниковски, како да ја расчистам оваа моја работа со него и тогаш јас донесов заклучок да одам дома и да ја земам пушката што јас ја чував дома до критичниот момент, а со таа пушка кај нас беше задолжен нашиот чувар чичко Стојан Трендафиловски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го носел и својот маузер, за него многу прикажуваа во селото, Змејко знаеше само за фишеците од таа пушка, што ги наоѓаше по мутлите од старата куќа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Што ти нема, Борисе?" со мака ги крена очите Онисифор Проказник; и погодуваше: „Пушката, нели?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„А пушкава, чија е?“ „Ние никогаш не сме имале пушки“, со притаен глас рече Онисифор Проказник но веќе сите знаевме чија била таа пушка и чија била пак по смртта на вистинскиот стопан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Заколни се дека без таа пушка ти е тешко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Кога знаеш што прашуваш? За таа пушка нечии прсти ќе исечам.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се сетив за пушката. Ти знаеш, нишанџија сум, не сум вчерашен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)