Каква ќе биде таа прошетка ако само треба да те погледнам па да ми биде јасно дека со тебе ќе ми накисне душата, СОЛИЛОКВИУМИ водата ќе ми се лее низ вратот, кафеаните смрдат на влага, и скоро сигурно ќе е го забележувам нивниот притисок, непрекинатото уценување на секој чекор, како да ти завидуваат, сакаа однапред да те омаловажат за да ја загубам желбата да го дочекам твоето доаѓање, да излезам со тебе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се сопнав и паднав. Брат ми се поднаведна, ми помогна да станам. „Добро си?,“ праша. „Добро,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Долго ѝ завидував на таа прошетка, но имав привилегија, добар поглед кон прозорецот на вториот кат и едно дрво, кое ме пречека сето раскошно раззеленето и ме поздравуваше секое утро кога тешко, да не речам одвај, ги отворав очите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тогаш од под мостот по кој минувавме се слушна песна; јас за првпат при таа прошетка го одвоив погледот од моите стапала, погледнав кон каналот по кој, во гондола, пловеа неколку млади луѓе, и пееја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)