таа (зам.) - промена (имн.)

Со таа промена било предвидено да се затвори и линијата на истите мисии со Force 399, а опремата која им била издадена од Force 399 требало да се достави за евакуација на британската воена мисија Brasenose.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едно правило, што го имав слушано одамна, на кое не му придавав никакво значење, ми се потврди гледајќи ги голите жени во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од нас уште се бара да го „користиме умот”, а неопходна ни е и „емоционална рамнотежа”, која ќе ни овозможи да бидеме совитливи и да им се прилагодуваме на другите без страв од губење на идентитетот во таа промена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во приказната постои ужасна слабост, која нашите пријатели, почитувачи на веродостојноста, никогаш не ја забележаа: ноќта во која се пронаоѓа бродот со телото на Ребека открива една чудна сличност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Малкумина не ја искусиле таа промена, но имам впечаток дека не многумина имале чести, или долготрајни такви искуства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како дојде до таа промена? •Хичкок: „Дејвид Селзник ме извести дека го променил мислењето и дека ги купил правата за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Преносот во живо беше она што ја овозможи таа промена?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во таква ситуација, ОСС развила способен контраразузнавачки апарат за работа надвор од САД, познат под името Оддел Џ-2, кој немал право да дејствува во Западната хемисфера, нешто што, пред сè, било резервирано за ФБИ и за координаторот на внатрешните американски работи - канцеларијата на Нелсон Рокфелер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со таа промена, ФБИ, Г-2 и ОНИ се етаблирале како заштитници на контраразузнавачките дејности на внатрешен план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
“ Резултатот од таа промена во застапеноста во масовните медиуми, тврди Саливан, бил целосно спојување на стрејт-светот и на геј-светот, како и нова фузија помеѓу стрејт-културата и геј-културата, при што на вторава сега ѝ се губат оцртите и посебноста: Ако сликата за геј-мажите за мојата генерација беше собрана од филмот „Крузинг“ (Cruising) или, потоа, од „Сентиш трилогија“ (Torch Song Trilogy), сликата за наредната генерација се „Вистински свет“ од Ем-ти-ви, „Настрано окце“ од Браво и Ричард Хач како победува во првиот серијал на „Преживеани“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не ли е нашето превидување на таа промена само придружна појава на истиот оној машки кукавичлак што и нѐ донесе во оваа кал и понатаму затрупувајќи нѐ во неа?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа исхрана, таа промена на исхраната, влијае на свеста, ги смалува натпреварувачките одлики на луѓето и нивната потреба за владеење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Едно претпладне ми рече: „Време е да одиш, ќе ми започнат предавањата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Рајнер веќе студираше философија, и јас во почетокот верував дека таа промена е затоа што е премногу посветен на науката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)