8 Суштински, посебнота на прозата на Чинго се наоѓа во доменот на естетското: само во убавината на таа проза се остварува нејзиното дејство, нејзиниот секогаш згустен впечаток, сугестивната моќ што нè приврзува кон неговите текстови и овозможува тие да останат трајно врежани во суптилните сплетови, на нашата меморија, пред сè во нејзиннот емотивен комплекс.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се работи за интезитетот на поврзаноста на таа проза со своите извори, од една страна, и за моќта на Чинго да пишува „во стилот“ на не говорно-фолклорни структури.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потребата да се согледа прозата на Чинго како мерник на едно време, како видување на тие големи настани и процеси во нашиот живот поттикната е, во голема мера, и со видот на таа проза, со нејзината произлезеност од тоа време.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)