Од таа причина патот што треба да го одбереме е промена на личноста од внатре!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од таа причина јас само ќе ги отсликувам појавите!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Устите и беа тенки но долги, па од таа причина кога ќе ги простреше во насмевка, ги притискаше образите од двете страни, за да задолжително и се создадат тие две симпатични вертикални линии- одлево и оддесно на лицето.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нашето учество во создавањето на песната- песните, е во мигот на невидливиот спој на причината и оној што ја опишува таа причина.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По таа причина и војводата Михаил Апостолов — Попето не успеа да го фати Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе нѐ испечат, ако не нѐ испекоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На сите некако им се олесни на душите, бидејќи имаа слушано дека Толета куршум не го фаќа и по таа причина агите избегаваа да се судруваат со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе ги распраша сите каде одат, со кого дошле и зошто!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако Таша веројатно нешто наслутувала. (А можеби и знаела.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едноставно ми се чинеше дека беше доцна таа причина да ја спомнувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само поради таа причина, односот кон женственоста што го поставува Марки во музичкиот спот прави односот на машката геј-култура кон женственоста да изгледа релативно едноставен и јасен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи дури и гламурозните жени, како што забележал Џон Клам, се жени од стрипови – кои изразуваат само делови од жените, аспекти на женственоста преувеличени до степен на бизарност – и бидејќи во женственоста има нешто изведбено и вештачко, исклучителната женствена гламурозност никогаш не е далеку од карикатуралност.
Колку е поизразена и посложена женственоста, толку е позгодна за пародија и толку повеќе води до губење на достоинството, до пад од сериозноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Небаре Копола имитира дрег-кралица што ја имитира Феј Данавеј која ја имитира Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од таа причина, прикажувањата на женската абјектност не покажуваат секогаш – а и нема потреба да покажуваат – скромни жени, жени со понизок статус, осиромашени, болни, бедни и изнамачени жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изведбата на Копола е апсолутно класично одигрување на жена што видливо „шекнува“ – она што Гордон, можеби, би го опишала како слом и ранливост – а тоа е оддавање почит на пресвртот на ѕвездата од преседанот на Феј Данавеј во Најмила мамичке, кој нѐ научи самата Крафорд да ја третираме како своевидна скица на женската комбинирана гламурозност и абјектност, на занесната екстравагантност и на драматичното, хистерично, беспомошно распаѓање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Членовите на групата се претставуваат како занесно страсни приврзаници на Џоан Крафорд, но ставот кон Крафорд што се имплицира со претераниот приказ од Копола кажува вртоглаво комплексна приказна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нападите на Вестготите, Остготите, Хуните, Аварите, Антите, Словените, Србо-Хрватите, Бугарите на Византија се сменуваа еден по друг и поради таа причина византиските историчари зборуваат за сите тие народи, па и за Словените и Антите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За таа причина некои од политичките партии ја клеветеа Русија како непријателка на Бугарија и на сѐ бугарско, најмногу за поддршката на српската пропаганда од страна на Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не постои таа причина која може нешто да ѝ значи на подготвената рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
По таа причина единствениот пат да ја има Анѓа како вистинска анама, беше нејзиното потурчување.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По таа причина сѐ што требаше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Под таа причина Мариово стана некој вид прибежиште на сите оние што беа решени да ги напуштат своите господари – бегови – во полето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од таа причина не извршија никакви колења и убивања по селата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По таа причина овие изгладнеа и почнаа одвај да се влечат по калливото џаде.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По таа причина во групата П’чивци имаше и два-триесет деца, а исто така во оваа група продавачи беа замешани и селани од другите мариовски села, кои не се мешаа со оние од полето, бидејќи последниве беа веќе беговски чифчии, а тоа ќе рече – робови, а првите се сметаа за слободни, та за секој случај и секаде стоеја одделно, па и сега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од таа причина нашите бунтовници не поминаа лошо во цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По таа причина Мехмед стана близок до Сулејмана и овој неколкупати му возложи токму нему да ги оствари тие негови планови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
__ * напишано по средбата со човекот на кого поради тумор му беше отсечена половина од јазикот и кој од таа причина не можеше правилно да изговори п.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Поради таа причина, заради малку промена на мислите и душевна релаксација, јас го сменив курсот за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)