2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Што значи тој „лик“? Тому за тоа станува збор во Cirkonfesija... 4
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не ќе се осмелам да кажам дека станува збор за некаква над- етичка или над-политичка “радикализација”, па дури ни тоа, а во оваа прилика тоа ќе нѐ однесе премногу далеку, дали зборовите “етика” или “политика” денес најпримерено ја именуваат таа друга потреба, блага и неподложна, таа потреба токму неподложна на другиот... извор: Quorum 1, 1994. превод: Г. Н. Ом okno.mk | Margina #11-12 [1994] 47 Жак Дерида: за граматологијата (Jacques Derrida: De la grammatologie, Paris, Ed. de Minuit, 1985, pp.11 - 21)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во врска со обрезувањето, често си го поставувам прашањето (а делото Cirkonfesija исто така се наоѓа на трагата на тоа прашање или на таа потреба), постои ли некој „стварен“ настан, којшто би можел да се обидам, се разбира, не да го вратам во меморијата, туку одново да го обработам, да го “реактивирам” во некој тип помнење без предочување - или станува збор за мамка, фантом (но, откаде тогаш неговата повластеност?), екран наменет за симболичка проекција на толку други настани од истиот ред и коишто ме усмртуваат во подеднаква мерка со фактот дека ми се водичи. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 29
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но зошто сега таа потреба да се куражи, да се оправдува?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Чудна е таа потреба кај луѓето - да се овековечат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едноставно, јас ја чувствував таа потреба.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Би сакал таа потреба да се храни од мистериозни чинки, од месечев допир.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од каде таа потреба да се убива без смисла и цел, просто да се прави тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Можеби таа потреба да ги запишувам зборовите е поттикната од оној ист страв што мојот американски студент David Lehman го натера да ја напише едноставната реченица: „Светот е кревок и јас се плашам“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бидејќи таа потреба луѓето меѓусебно не си ја задоволуваат, тие ги измислиле песните, романите, сликите, музиката и други слични нешта кои се поинаков привид на непосредно извадените заби-зборови кои толку многу на луѓето им требаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зар толку голема била таа потреба залегната во неговата душа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа потреба што себеси се искажуваше како неодредена желба не гаснеше поради сѐ позачестените сексуални подмирувања што најчесто му ги овозможуваше раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од каде таа потреба да се сокрие идентитетот на тој што говори срамни работи, кога тој ден е токму дозволено и пожелно да се говорат срамни работи?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Ја знаете таа потреба на телата во меѓусебен допир да ги надвладеат недоразбирањата произлезени од зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еден вид празнење на негативна енергија. (Доктор Пачев читајќи ги овие редови со насмевка забележа Сè е хемија и во неговиот поглед открив потврда и разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ете, гледаш, таа потреба не ја измислија Козаците.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)