таа (зам.) - потрага (имн.)

И можеби токму во таа потрага си ја загубив и татковината, куќата, блиските, а, за возврат, ги открив сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Без ироничен занес го гледам секој метар од патот што го изодев, центарот на светот е далеку, а јас во таа потрага тргнав низ невремето на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се качувам по скалите. Качувањето трае долго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А што се однесува до она другоно, евентуалните престапи и другите противправни дејствија, извршени во таа потрага, тоа се работи што треба да ги осветли законот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И таа потрага по суштината, тоа соочување со трагичното на постоењето, не е нешто што се прави по сопствен избор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е принуда, и душата не знае дали самата се принудува, или некоја незнајна сила ја принудува неа да се соочи со бесмислата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е потрага по суштинското кое не е сочинето само од материјалното; а таа потрага носи ослободување од очајот кога се наоѓа смисла на сопствениот живот, а и, затоа што смислата е поврзана со сѐ што егзистира, на смислата на општочовечката суштина, и на суштината на сѐ она што е, што го има, а кое законите на физичкиот свет, ако не постои ништо отаде материјата, на крајот го фрлаат во пропаст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)