— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Татко не кажа веднаш која е таа постапка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа постапка дихотомијата „Ова е песна - расказ е“, и обратно, од Кавга, ја крава над анегдотското.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И, бидејќи Гарванов наполно ја одобрувал таа постапка, Шатев го праша: “...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Според Ѓорче, таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некаков начин изгледало дека Комитетот тука (во Софија - б.м.) се грижи да задоволува одделни амбициозни групи, отцепници, да ги придобива на своја страна и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А до колку геј- иницијацијата подразбира учење како да се настрани хетеронормативната култура – како да се декодираат хетеросексуалните културни артефакти и да се прекодираат со геј- значења – до толку секој подвиг, како мојов, што ја изучува таа постапка исто така нужно ја огледува и ја извршува неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако геј- мажите меѓу себе држат во оптек извесни делчиња од главнотековната култура, а во таа постапка им внесуваат полнеж од нестандардни значења и врз таа основа зацврстуваат некоја заедничка култура и некој заеднички сензибилитет, тогаш еден факултетски предмет, на пример, кој ги става во оптек тие конкретни нешта исто така ќе има дејство на геј- иницијација, доколку оние студенти што сè уште не се сретнале со нив ги воведува во многубројноста на можните геј- значења што се притаени во околната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А со таа постапка тој, толкува Кравар, само го потврдил Шегвиќевиот “решителен културно-политички дуализам”, “сликата на хрватското општество како терен за борба само за две непомирливи политички волји”, онаа “идеалистичката” како крајно десна, и онаа материјалистичката како крајно лева.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ – ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)