„Можеби таа околност, моето создавање, било и решавачко за нивната врска”, си мислеше Агата додека свиреше соло партии на својата флејта и редовно грешеше од возбудата што таа помисла ѝ ја предизвикуваше, особено ако мајка ѝ беше тука, во салонот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Соколе се потресува од таа помисла.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не му завидував на Љупчо. Знаев, по некој миг и јас ќе го држам в раце сопствениот плен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Од таа помисла се наморничавив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Стуткани во живицата го гледавме чудесниот плен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
При таа помисла, двајцата преостанати во шаторот погледнаа во третиот, инаку првиот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но не се уплаши од таа помисла, ниту пак некому се налути; само му се насмевна на стариот и му го стисна рамото со разбирање, а на старата кротко ѝ рече земајќи ја испразнетата тегла: - Во оваа тегла повеќе нема да ставаш слатко, ни од бели цреши ни од зелени смокви.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Тамам и ќе им го видам кучето“, си рече изненаден од таа помисла, зашто тој всушност немаше никаков интерес за кучиња.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во таа помисла наоѓав нешто херојско: сакав да станам и да ѝ кажам на Луција, која сѐ така со сведнат поглед седеше на полјанката со своите другарки, додека Фискултурецот како паун ги покажуваше своите пердуви, пеејќи и играјќи; сакав да ѝ кажам: „Луцијо, еве, јас си одам“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Па сепак мајка ми немаше предвид една многу важна подробност.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако не било така навистина не знам од кои причини со години настојуваше да ми ја всади таа помисла.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во таа насмевка имаше нешто старечко – не ни се насмевнуваше како што се смее четиригодишно дете, туку како што старче ослободено од страв се потсмева со смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Непријатноста на таа помисла се оцртуваше во згрченоста на неговото тело додека стоеше загледан во книгата, во згрченоста на неговиот глас додека изговараше едно сосема вообичаено и непотребно прашање: „Дали некои песни особено ти се допаднаа?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја премолчувавме таа мисла едни пред други, таа помисла ни се читаше само во очите кога ќе се загледавме во него, а тој само се насмевнуваше кога ќе ги забележеше нашите извитоперени погледи заковани за неговото лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа вечер мината по виенските улици требаше да биде лекција за мене, она што брат ми сакаше да го постигне беше да го видам животинското во човекот кое не си дозволува да го обедини телесното со чувственото, и да се згадам од тоа онака како што се гадеше тој; таа ноќ не ми даваше да заспијам помислата на телесното соединување на Зигмунд со некоја жена, ужасот на таа помисла ме превртуваше во креветот, ми го свиваше срцето помислата дека некоја жена, налик на оние кои ги видовме таа вечер по тесните улички, ќе го внесе во она што е само телесно и испразнето од душевното, и така ќе го одвои од нашите заеднички мечти. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се обидував да земам воздух, го слушав неговиот глас: „Те молам, не плачи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Онаа за девојката која и години по смртта на својот сакан, го гледа со очите на својата душа, и не престанува да му зборува.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со таа помисла си легнав, но без неа се разбудив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Исплашени од таа помисла, опаметени без збор, од нешто уште помоќно од зборот, што беше сосема непознато, што невидливо кружеше над нашите глави, - гледаш таа опомена има сила на влијание врз сите присутни, наеднаш се отапуваат, неми се, разжалени. Проклет да бидам, услужни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го засилувам темпото со ветрот в грб бегам од таа помисла.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Ама не, не мислев на тоа, - Елена се обидуваше да ѝ ја отфрли таа помисла. - Верувај ми дека...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
При таа помисла Марија самата себеси си се потсмеваше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа помисла ѝ беше најстрашна. Од неа не ќе може да побегне... ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Толку се уплаши од таа помисла, што целиот трепереше...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но во црквата пак се појавија неважечки пари и таа помисла за Андро отпадна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Те плаши ли таа помисла?“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Денко сигурно поверувал дека тоа е патеката на спасението.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сеќавав како таа помисла и мене ме влече кон неодгатнатите длабочини на бунарот на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Оф, – свика Грофот и потскокна од столот - очекуваш благото да те заслади а горчливото те снашло!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност бев помислил и дека не сум го рекол тоа; едноставно верував дека таа помисла избликнала кришум од мојата намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нему веројатно му го скратуваше дишењето токму таа помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Овој страд, оваа болка, ја забележав уште во кафеаната.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пак го исплаши помислата да не го убил. Целиот се стресе од таа помисла...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа помисла му нанесе болка од којашто се чувствуваше уште помалаксано. Сега и разочарано.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)